Утрински Весник
Спорт

Биното: Сега не е време за себичност и тактички игри

Биното се повлекува како технички директор на Ферари

Рим, 19 март 2020 (МИА) – Извршниот директор на Ферари, Матија Биното изјави дека италијанскиот тим е подготвен да ја поддржи иницијативата за одложување на преминот кон новата техничка регулатива закажана за 2021 година.

Денеска раководството на Формула 1, ФИА и тимовите ќе разговараат за ситуацијата, преку видео конференција.

– Ќе одржиме видео конференција и ќе разговараме за ситуацијата со другите тимови, ФИА и Ф1. Треба да разгладаме како ќе влијае сегашната состојба и оваа сезона и следната. Ние мора внимателно да ги процениме сите аспекти и да разбереме дали вреди да се одложи воведувањето на нова техничка регулатива, закажана за 2021 година. Во секој случај, Ферари е подготвен да преземе одговорност и да направи избор во интерес на спортот. Сега дефинитивно не е време за егоизам и некој вид на тактички игри, изјави Биното.

Поради ситуацијата со коронавирусот, неизвесен е почетокот на новата сезона во Формула 1. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига