Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс: Коронавирусот е детска игра во однос на климатските промени

Бил Гејтс: Коронавирусот е детска игра во однос на  климатските промени

Решавањето на климатските промени би било најневеројатната работа што човештвото ја направила некогаш, вели милијардерот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

„За споредба, завршувањето на пандемијата е, во теорија, „многу, многу лесно“, тврди тој. За ова Гејтс пишува во својата последна книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, што е и водич за борба против глобалното затоплување.

Одговорот, вели Гејтс, ќе мора да се случи во бран иновации што светот ги нема видено порано.

„Во моментов, економијата не ја препознава штетата што ја предизвикува при емитирање на јаглерод диоксид “, објаснува компјутерскиот магнат.

Затоа апелира дека владите мора да интервенираат. Што се однесува до климатското прашање, тој смета дека ќе биде невозможно да се избегне катастрофа, особено за оние што живеат во близина на Екваторот.

„Би било крајно време Републиканската партија во Америка да ја препознае важноста за борба против климатските промени“, посочува Гејтс.

Според него, напорите да се решат овие проблеми мора да станат врвен приоритет во годините што доаѓаат.Тој се надева дека ќе имаме и малку среќа во развој на иновативна нова технологија, што навистина може да ги реши проблемите во оваа област. Гејтс е оптимист дека сепак можеме да го избегнеме најлошото.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД

Украина најавува засилени напади врз воени цели длабоко во Русија

МААЕ: Сè уште не може да се процени штетата под земја во Фордо