Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс донира уште 250 милиони долари за борбата против Ковид-19

Бил Гејтс донира уште 250 милиони долари за борбата против Ковид-19

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и подостапна вакцина против коронавирус.

Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата донира вкупно 1,75 милијарди долари за борбата против пандемијата.

„Дали светот ќе стане подобро место за живеење за сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да ги направат тестовите, лековите и вакцините достапни за оние на кои им се потребни“, соопшти фондацијата.

Парите ќе бидат искористени за доставување тестови и вакцини во неразвиените земји со средни приходи.

Велика Британија стана првата земја што започна да вакцинира против ковид-19 во вторникот, кога 90-годишник ја прими вакцината што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“.

Канада вчера ја одобри вакцината, а експерти на американската Администрација за храна и лекови денеска ќе разговараат дали да ја препорачаат или не.

Вакцината „Фајзер“ е тешко достапна за сиромашните земји, бидејќи мора да се чува на многу ниски температури.

„Нови лекови и потенцијални вакцини може да се појават на почетокот на следната година. Но, тие ќе спасат животи само ако стигнат таму каде што треба“, истакна Бил Гејтс.

Уште еден американски производител на вакцини „Модерна“, кој тврди дека неговата вакцина е ефикасна 94,5 проценти, побара одобрување во САД и ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години