Утрински Весник
Свет

Биле во брак 47 години и починале во иста минута од коронавирус

Биле во брак 47 години и починале во иста минута од коронавирус

Брачен пар oд Америка, кои биле во брак цели 47 години, починаа во болница во иста минута од коронавирус.

Патриција и Лесли МекВатерс од сојузната држава Мичиоген, по една недела во болница, починаа минатата недела, пренесе Си-Ен-Ен.

Тие основале семејство, израснале деца, се грижеле за внуци и правнуци.

„ Тие буквално правеа сè заедно. Иако бевме сериозно погодени од нивната смрт, сега кога размислувам не е толку изненадувачки бидејќи тие беа заедно цело време”, изјави Јоана Сиск, една од нивните две ќерки.

МекВатерс се меѓу 268.087 лица кои починале од коронавирус во САД. И бидејќи бројот на хоспитализации продолжува да достигнува нови највисоки нивоа, експертите се загрижени дека ќе следат уште значително поголем број смртни случаи, пишува Си-Ен-Ен.

„ На прв поглед, тие изгледаа сосема поинакви. Таа беше пензионирана медицинска сестра која не прифаќаше глупости, а тој беше забавен пензиониран возач на камион. Но, заедничко за нив беше нивната искрена љубезност и грижа за другите луѓе”, рече Сиск.

Кога Патриша се заразила со коронавирус отишла во болница, но ја испратиле дома и и` рекле да се изолира. Иако се чувствувала прилично лошо, по 35 години работа како медицинска сестра не ја преиспитала одлуката на лекарот.

Следната недела и Патриша и Лесли завршиле во болница, тие биле многу болни. Во болницата биле една недела, а потоа починале.

Персоналот на болницата вели дека тие починале буквално во истата минута и им напишале исто време на смрт на двајцата: 24 ноември 2020 година, во 16:23 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја