Утрински Весник
Македонија

Билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП од утре ќе работат од 7:30 часот

Дополнителни автобуси на 59, 59А и 59 Б во пресрет на верскиот празник Задушница

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Од денеска, со оглед на одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 21 до 06 часот, јавниот превоз нема да сообраќа во посочениот период, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација, соопштуват од ЈСП.

Утре, понеделник, првите утрински поаѓања на сите линии ќе бидат оние од 6 часот.

Исто така, од ЈСП соопштуваат дека од утре, понеделник билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 7:30 часот.

Термини на последни поаѓања за денеска, недела (22.03.2020 год):

Линии на ЈСП Скопје:

Линија 2 – 19:55 часот од Автокоманда – 19:39 часот од Сарај

Линија 4 – 19 ч асот од Хром – 19:40 часот од 11 Октомври

Линија 5 – 19:35 часот од Ново Лисиче – 19:25 часот од Дексион

Линија 7 – 19:22 часот од Горно Лисиче – 19:39 часот од Карпош 3

Линија 9 – 19.46 часот од Клинички центар – 19:53 часот од Скопје Север

Линија 15 – 19:25 часот од Ново Лисиче – 19:20 часот од Карпош 4

Линија 16 – 19:31 часот од Пржино – 19:06 часот од Железара

Линија 21 – 18.20 часот од Тр.центар – 19:10 часот од Бардовци

Линија 24 – 19:50 часот од Тафталиџе – 19:50 часот од Кисела Вода

Линија 27 – 19:32 часот од Вардарска – 20:04 часот од Дом на печат

Линија 41 – 19:52 часот од Тр.центар – 19:51 часот од Типо

Линија 50 – 20:05 часот од Клинички центар – 20:05 часот од Хиподром

Линија 57 – 19:40 часот од Козле – 19:50 часот од Радишани

Линија 59 – 18:15 часот од Карпош – 19:05 часот од Кучевишка бара

Линија 65В – 19:46 часот од Тр.центар – 20 часот од Страчинци

Линија 31 – 18:40 часот од Тр.центар – 19:15 часот од Долно Лисиче

Линија 47 – 18:50 часот од Тр.центар – 19:35 часот од Љубанци

Линија 56 – 18:15 часот од Тр.центар – 19:15 часот од Бојане

Линија 60 – 18:45 часот од Тр.центар – 19:30 часот од Матка

Линија 65 – 18:30 часот од Тр.центар – 19:30 часот од Раштак

Линија 65А – 19:20 часот од Тр.центар – 20 часот од Страчинци

Линија 66 – 18 часот од Тр.центар – 19:05 часот од Бучинци

Линија 67 – 18:50 часот од Тр.центар – 19:45 часот од Зелениково

Линија 68 – 18:35 часот од Тр.центар – 19:50 часот од Сушица

Линија 70 – 18:45 часот од Тр.центар – 19:25 часот од Батинци

Линија 71 – 19:30 часот од Тр.центар – 18:40 часот од Бањани

Линија 74 – 20:30 часот од Драчево – 17:20 часот од Количани

Линија 81 – 16 часот од Тр.центар – 17 часот од Блаце

Линија 160 – 19:05 часот од Дексион – 19:30 часот од Горна Матка

Линија 164 – 19:30 часот од Кучково – 19:15 часот од Никиштани

Линии на приватни превозници:

Линија 9  – 20:03 часот од Клинички центар  – 20:13 од Скопје Север

Линија 11 – 19:20 часот од Транспортен центар – 19.20 од Рашче

Линија 11а – 19 часот од Транспортен центар /

Линија 12 – 19:55 часот од Шишево – 19:55 од Скопски саем

Линија 19 – 20:12 часот од Карпош 4 – 20:12 од Шуто Оризари

Линија 20 – 20:20 часот од Транспортен центар – 20:20 од Шуто Оризари

Линија 22 – 19:45 часот од Транспортен центар – 19:45 од Лепенец

Линија 23 – 19:55 часот од Ченто – 19.55 од Дом на печат

Линија 45 – 20 часот од Транспортен центар – 20 од Ченто

Линија 55 – 19:15 часот од Арачиново – 18:30 од Транспортен центар

Линија 61 – 19:10 часот од Транспортен центар – 20 од Побожје

Линија 63 – 19:10 часот од Транспортен центар – 20 од Мралино

Утре, понеделник, првите утрински поаѓања на сите линии ќе бидат оние од 6 часот.

Комплетниот преглед на сите линии може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје http://www.jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx.

На пример вообичаениот возен ред на линија 5 е од 5.05 ч, 5.30 ч, 5.55 ч, 6.15 ч, што значи дека во актуелнава ситуација, првиот автобус што ќе почне да сообраќа ќе биде тој во 6.15 часот.

Дополнителни информации во врска со возниот ред можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.

*За последни поаѓања утре и први од задутре, корисниците на јавниот превоз ќе бидат информирани во текот на утрешниот ден.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Од утре, понеделник (23.03.2020 год) билетарниците и центрите за персонализација ќе почнуваат со работа од 7:30 часот.

Билетарници

*Воопшто нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.

*До 13 часот од понеделник до сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.

*До 17 часот од понеделник до сабота ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.

*Во недела, до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.

Центри за персонализација

*Времено затворени ќе бидат четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП Турс.

*Центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до сабота до 17 часот. Во недела ќе бидат затворени.

Оттаму потсетуваат дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје https://www.facebook.com/jspskopjee/ ), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

И во наредниот период продолжуваат да важат одлуките за времено укинување на бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а и натаму укината е одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

Времено и во наредниот период, не сообраќа туристичката линија, трите линии до Водно, а не работи ниту Жичарницата.

Од ЈСП апелираат до сите граѓани, рационално да го користат јавниот превоз, притоа да носат заштитна маска и ракавици и да се однесуваат во возилата согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот.фф/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме