Утрински Весник
Спорт

„Билд“: Холанд останува во Дортмунд

Холанд за трансферот во Борусија: Чувствував дека клубот и јас се приближувавме

Дортмунд, 13 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија (Дортмунд), Ерлинг Холанд, нема да ја промени клупската средина летово, соопшти „Билд“.

На овој начин, авторитетното издание ги негира информациите во шпанскиот печат од последните денови дека младиот напаѓач ќе се пресели во Реал Мадрид преку претстојниот трансфер прозорец.

Се вели дека наведената клаузула од 75 милиони евра ќе биде активирана едвај по крајот на следната сезона.

Затоа од Дортмунд ќе побараат многу поголема сума пари за да го продадат половина сезона откако пристигна во клубот.

Весникот се осврна и на зборовите на Холанд дека се чуствува добро во „жолто-црниот“ дрес.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026