Утрински Весник
Спорт

Билд: Геце веќе нема да игра за Борусија

Геце преговара за нов договор со Борусија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дортмунд, 23 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Геце ќе го пропушти натпреварот од последното, 34. коло од Бундеслигата против Хофенхајм, објави „Билд“.

Претходно се дозна дека тој ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

Според извор, клубот го пуштил играчот да биде со неговата сопруга на својата Ана-Кетрин, бидејќи нивниот син се родил пред време. Поради тоа, фудбалерот реши да биде заедно со неа цело време.

Дваесет и осумгодишниот фудбалер оваа сезона одигра 21 натпревар за Борусија и постигна три гола и една асистенција. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028