Утрински Весник
Македонија

Билатерални средби на Пендаровски со Пленковиќ, Левитс и Херман

Билатерални средби на Пендаровски со Пленковиќ, Левитс и Херман

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска, на маргините на 56. Минхенска безбедносна конференција, имаше билатерални средби со претседателот на Република Латвија, Егилс Левитс, со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и со шефот на Баварската државна канцеларија и државен министер за сојузни работи, Флориан Херман.

Тема на средбите, покрај традиционално добрите односи и соработката со Хрватска, Латвија и Баварија, беше и интеграцискиот процес на земјава во ЕУ и НАТО.

На средбата со Пленковиќ, Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил очекување дека предлогот на новата методологија за проширување ќе биде усвоена од членките на ЕУ во март на Самитот во Брисел. Воедно го искажал интересот за операционализација на Договорот за евроатлантско партнерство меѓу владите на двете земји. На средбата со Левитс, Пендаровски се заблагодарил за брзата ратификација на пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Латвискиот парламент, како и за досегашната латвиска поддршка за нашата европска интеграција, додека на средбата со Херман, шефот на државата нагласил дека земјава покажа политичка зрелост, инвестирајќи во својата европска перпектива.

-Претседателот Пендаровски ги поздрави заложбите на Хрватска, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ за отворање преговори на нашата држава пред Самитот во Загреб што треба да се одржи во мај годинава. Изрази очекување дека предлогот на новата методологија за проширување, базирана на принципите на обезбедување стабилност, мир и просперитет во регионот ќе биде усвоена во март на Самитот во Брисел од страна на членките на ЕУ, стои во соопштението од Кабинетот.

На средбата со Левитс биле разменети мислења за состојбите во врска со членството на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО.

-Пендаровски оцени дека двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи, бележејќи позитивен тренд во развојот на соработката во повеќе сфери од општественото живеење. На средбата беше изразена подготвеност за подинамична секторска соработка, како и за постојано унапредување на договорната рамка меѓу двете земји. Соговорниците констатираа дека меѓу двете држави постои голем потенцијал за развој и зголемување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, наведува Кабинетот.

На средбата со Херман беше изразено задоволство од традиционално пријателските односи  меѓу Република Северна Македонија и германската сојузна држава Баварија. Двајцата соговорници го реафирмираа интересот за зајакнување и продлабочување на билатералната соработката во сите области од заемен интерес, пред се во економската сфера.

– Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на заедничката комисија на Северна Македонија – Баварија, како исклучително важна алатка за унапредување на економската соработка, за искористување на искуствата и на големиот инвестициски потенцијал на една од најпросперитетните германски сојузни држави. Во контекст на европската интеграција на Северна Македонија, претседателот Пендаровски  изрази очекување дека со усвојувањето на новата методологија ќе се создадат услови за датум за почеток на пристапните преговори, информира Кабинетот на шефот на државата. мч/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме