Утрински Весник
Економија

Бизнис самитот Македонија 2025 годинава ќе се одржи во дигитална форма

Бизнис самитот Македонија 2025 годинава ќе се одржи во дигитална форма

Деветото издание на Самитот Македонија 2025, за првпат ќе се одржи во хибридна/дигитална форма од 1-ви до 3-ти декември 2020 година преку онлајн конференциската платформа hopin.com.

Самитот Македонија 2025 е врвен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа.

Пандемијата на Ковид-19 и здравствената и економската криза низ светот, се неизбежна тема на сите дискусии, собири, конференции во овој период.

Додека Самитот ги покрива овие теми, сепак целта е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот.

Ќе се зборува за економските реформи и меѓународните односи за време на здравствената и економска криза, за тоа како да изградите успешен бизнис во земја во развој, а ќе се дискутира и за моќта на компаниите со култура ориентирана кон луѓето.

Се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.

Некои од говорниците на годинешниот Самит ги сочинуваат: Енди Пејкоф, основач на најголемата компанија за вода во светот „Нијагара ботлинг“, една од најуспешните претприемачки во Канада со македонско потекло – Сузан Ничовски, понатаму Харди Пемхива, извршен директор на „Еконет Глобал Лимитед“ во Јужна Африка, групација која се залага за градење на одржливи бизниси со позитивен придонес кон општеството и многу други.

Покрај панел-дискусиите, Самитот вклучува и инспиративни интервјуа, разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината, како и специјален настан со Претседателот Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето.

Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на овој настан чија цел е поефикасна и економски просперитетна иднина за регионот на Југоисточна Европа. Билетите можат да се купат по цена од 20 евра, а регистрацијата се врши на следниов линк.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“