Утрински Весник
Македонија

Библиотеката во Тетово ќе работи само прва смена

Библиотеката во Тетово ќе работи само прва смена

Тетово, 11 март 2020 (МИА) – Од тетовската библиотека „Кочо Рацин“ информираат дека ќе работат само прва смена, согласно препораките на Владата поврзани со мерките за спречување заразни болести. Донесена е одлука да се работи од 8 до 16 часот.

-Согласно мерките и препораките од Владата, по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести, донесени на ден 10.03.2020 година директорката на национална установа библиотека „Кочо Рацин” – Тетово на ден 11.03.2020 година донесе одлука дека Библиотеката ќе работи само една смена односно 08.00-16.00 часот. За сите информации ви стоиме на располагање на тел. 044 / 350-039 или на електронската адреса zajmuvanjekrte@yahoo.com, инфомираа денеска од библиотеката.

Одлуката стапува на сила од утре, 12 март, а за престанокот согласно состојбата и препораките од Библиотеката инфомираат дека дополнително ќе известат. ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра