Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Библиотеката во Делчево од понеделник почнува со работа, администрацијата го враќа старото работно време

Библиотеката во Делчево од понеделник почнува со работа, администрацијата го враќа старото работно време
300x250 opst2

Делчево, 25 април 2020 (МИА) – Делчевската библиотека од понеделник продолжува со работа. Како што информираше директорката Билјана Петровска до 18 мај 2020 година, додека трае вонредната состојба, библиотеката ќе работи само прва смена, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.
-Повторното започнување со работа на библиотеката е согласно одлуката за измени и дополнување на одлуката за ограничување на движењето на Владата донесена на 45-седница, одржана на 22 април. Согласно одлуката, вработените ќе бидат со заштитни маски и ракавици, а истото ќе важи и за нашите читатели, истакна Петровска.
Во просториите на библиотеката, како што додаде нема да биде дозволена посета на читатели кои не носат заштитна маска и ракавици, а обврска на посетителите е да ја почитуваат и физичката дистанца.
Освен библиотеката од понеделник се враќа и старото работно време на општинската администрација.
-Оф понеделник, 27 април 2020, работното време на општинската администрација ќе започнува од 7:30 а ќе трае до 15:30 часот.

Потсетуваме дека граѓаните своите барања можат да ги доставуваат електронски или по писмен пат во Општинскиот центар за услуги, а доколку имаат потреба од лична комуникација со одредени служби, да ги почитуваат законските уредби и препораките за заштита од болеста ковид-19, информираа надлежните.
При личната комуникација од општината посочија дека граѓаните задолжително треба да носат маски за заштита на лицето и да држат растојание на обележените места. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка