Утрински Весник
Спорт

Бејл донира повеќе од 1 милион евра за болниците во Шпанија и Велс

Бејл не знае кој е премиер на Велика Британија
Dik 300x250 mk

Мадрид, 23 април 2020 (МИА) – Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Гарет Бејл донираше повеќе од 1 милион евра на две здравствени установи во неговата родна земја Велс и Шпанија. Крилото пресе 500.000 фунти (615 000 долари) на Националниот институт за здравство во Велс и 500.000 евра во болници во Мадрид.

Во видеото објавено на веб-страницата „Кардиф и Велс черити“, фудбалерот му се заблагодарува на целиот тим за континуираната работа и пожртвуваност во борбата против вирусот КОВИД-19.

– Болницата на Универзитетот во Велс има посебно место во моето срце како институција. Ова е местото каде што сум роден, тука сме добиле огромна поддршка, како јас, така и моите пријатели, моето блиско опкружување и семејството. Затоа сакам да ја изразам својата поддршка за нив на некој начин, вели Бејл.

Болницата исто така изрази благодарност до sвездата на Реал (Мадрид) за неговата финансиска поддршка и неговата сопруга Ема.

Во шпанската престолнина, парите биле префрлени во добротворна организација што ќе ги пренесе на разни установи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа