Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Бејл: Вонземјани постојат, некој ги крие

Бејл: Вонземјани постојат, некој ги крие
300x250 opst2

Герет Бејл е приказна за себе. За седум години во Мадрид не го научи шпанскиот јазик. Играше голф кога требаше да оди на тренинг, никогаш не се појавил на клупските дружења. Навивачите ги иритираше со однесувањето кога не беше во тимот, а тоа често се случуваше во последните две негови сезони во Реал.

За да се подготви на Европското првенство, тој прифати оваа сезона да ја мине во Тотенхем, но како што најави по завршувањето на сезона ќе се врати во Мадрид, да ја одработи последната година од договорот. Не му е важно дали ќе игра или не.

Велшанецот во разговор за „Ју-тјуб“ страницата на Тотенхем, ја шокира јавноста со изјавата за вонземјаните. Тврди дека дека видел вонземјанин.

„Јасно е дека постојат теории на заговор, но знам дека постојат снимки и фотографии на НЛО. Тоа го објави владата на САД. Тоа не се лажни вести. Исто така, сигурен сум 100 отсто дека вонземјани постојат. Некој ги крие. Можно е дека тоа го прават владите на моќните земји, но ве уверувам дека сум ги видел“, рекол Бејл.

> Бејл: Вонземјани постојат, некој ги крие <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона