Утрински Весник
Спорт

Бешикташ и Фенербахче во трка за Луис Суарез

Бешикташ и Фенербахче во трка за Луис Суарез

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, би можел да ја продолжи кариерата во Турција. Според информациите, Бешикташ и Фенербахче се заинтересирани за 35-годишниот Уругваец и веќе стапиле во контакт со агентите на напаѓачот.

Фенербахче во моментот е третопласиран во турскиот шампионат, а Бешикташ е на осмото место. И двата гиганти сакаат да бидат многу поуспешни следната сезона, со Луис Суарез во тимот.

Уругваецот дојде во Атлетико Мадрид во 2020 година, преселувајќи се на „Ванда Метрополитано“ од Барселона за 7 милиони евра. Оваа сезона, напаѓачот учествуваше на 29 натпревари во Ла Лига и постигна 11 голови.

> Бешикташ и Фенербахче во трка за Луис Суарез <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости