Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Беше во затвор со 5 долари на сметка, сега повторно има милиони!

Беше во затвор со 5 долари на сметка, сега повторно има милиони!
Img 7972

Пред една година Роналдињо се наоѓаше во најтешкиот период во животот. Банкротираше, па заврши во затвор. Почина мајка му, но сепак некогаш најдобриот светски играч се чини успеа пак да застане на нозе.

Моментно делува во повеќе хуманитарни акции, го брендира своето име и снима реклами. Пријателите велат дека повторно е среќен, а на банкарските сметки повторно има милиони.

Проблемите на Роналдињо започнаа кога беше уапесен со фалсификуван пасош, па беше во затвор во Парагвај. Тој и брат му платија кауција од 1,6 милиони долари за да излезат од затворот и да се бранат од куќен притвор.

Познато е дека поранешниот бразилски фудбалер во својот дом во Ипанема бил домаќин на нелегални коцкарски турнири, а токму поради долговите, на банкарската сметка во еден период имаше само 5 долари.

Сега, Роналдињо повторно е заштитно лице на најпопуларните . игри – ФИФА и ПЕС. За соработката добил повеќе од добра сума пари, медиумите шпекулираат дека се работи за околу 3 милиони евра.

Роналдињо се врати на стариот начин на живот – со забави.

View this post on Instagram

A post shared by Ronaldo de Assis Moreira (@ronaldinho)

View this post on Instagram

A post shared by Ronaldo de Assis Moreira (@ronaldinho)

View this post on Instagram

A post shared by Ronaldo de Assis Moreira (@ronaldinho)

> Беше во затвор со 5 долари на сметка, сега повторно има милиони! <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН