Утрински Весник
Економија

Бесплатни услугите преку e-banking и moby banking на Халкбанк за сите физички лица

Бесплатни услугите преку e-banking и moby banking на Халкбанк за сите физички лица
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Физичките лица, клиенти на Халкбанк, од денеска до  крајот на месецов сите трансакции во денари преку услугите e-banking и moby banking можат да ги вршат бесплатно, без провизија.

Како што соопштуваат, овој чекор на ослободување на клиентите од плаќање провизии Халкбанк го презема со цел да се избегне физичка посета на банките како мерка на претпазливост и грижа на здравјето бидејќи на тој начин се заштитуваат и корисниците на банкарски услуги и вработените на шалтерите.

Халкбанк претходно ги повика своите клиенти да ги користат повеќе онлајн услугите наместо класичното одење на шалтер во периодов кога Владата на Република Северна Македонија презема дополнителни мерки за заштита.

За платежни кредити, картички и депозити постои можност и за онлајн аплицирање преку копчето „Аплицирај за” на веб страната на банката како и преку контактите на банката и филијалите достапни на истата.

Порачуваат банкарските услуги на Халкбанк и сите останати за кои постои можност, да се прават онлајн и бесконтактно.скс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност