Утрински Весник
Економија

Бесими: Обезбедивме средства од по 6.000 денари и за децата без родители

Бесими: Обезбедивме средства од по 6.000 денари и за децата без родители

Мерката за финансиска поддршка за ранливите категории, како пензионерите и самохраните родители се проширува и со децата без родители. Поддршка во износ од по 6.000 денари е предвидена и за нив со ребалансот на буџетот, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на расправата за ребалансот на Пленарната седница на Собрание.

Бесими посочи дека во тек на комисиската расправа се направени и други дополнувања на ребалансот со кои се обезбедувааат средства за проекти како водоснабдување и филтер станици во повеќе населени места.

„ Направивме дополнувања на ребалансот по основ на усвоените амандмани. Обезбедивме средства за финансиска поддршка за децата без родители. Обезбедивме средства за мапирање за стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид. Обезбедивме средства за изградба на дел од третиот крак за водоснабдителен систем во село Липково и водоснабдување во Мала Речица, средства за довршување на филтер-станиците во Штип и Карбици, средства за реставрација на мост во село Уланци и дополнителни средства за одржување на архелолошките локалитети, како и средства за организација на резервни офицери“ – рече Бесими.

Министерот за финансии посочи дека со ребалансот на буџетот се обезбедуваат средства за четвртиот пакет на антикризни, како и дека стотици илјади на граѓани како и десетици илјади фирми, го очекуваат донесувањто на ребалансот за да може да се ефектуираат мерките.

„ Ефектуирањето на Четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на овој ребаланс. Со него се обезбедуваат средства за реализација на мерките како финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година, финансиска поддршка за ранливите категории погодени од COVID-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај погодениите сектори, поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, поддршка на дејноста туристички водич, регистрирани како самостојни вршители на дејност, враќање на туристичка такса за 2019 година, поврат на средствата од Викенд без ДДВ, државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка и грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби“ – рече Бесими.

Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари или за 5,5%, односно за околу 13 милијарди денари повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2020 година (пред КОВИД кризата). Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,5 милијарди денари, односно 8,5% од БДП.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија