Утрински Весник
Политички Партии

БЕСА: Функционери на ДУИ вршат притисок врз гласачите

Движењето Беса е за избори по елиминирањето на вирусот Ковид-19

 

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Движењето БЕСА соопшти дека имаат сознанија оти некои функционери на ДУИ почнале да вршат притисок врз гласачите.

– Некои функционери на ДУИ вршат притисок и им се закануваат на гласачите со веќе познатата фраза во овие 18 години: „ќе видите по изборите“. Апелираме до вработените во администрацијата, наставниците, професорите, лекарите, невладините организации, сите други на кои може да им се закани ДУИ, воопшто не се плашат затоа што ДУИ ја изгуби силата, а ќе ја изгуби и власта по 15 јули. Помина времето кога можеа да им се упатуваат закани на интелектуалци и професионалци. Даваме гаранции дека со следната влада секој ќе се чувствува безбедно на своето работно место, велат од Движењето БЕСА.ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт