Утрински Весник
Македонија

„Беса транс“ негира дека во автобусот имало резерви со нафта или други горива

„Беса транс“ негира дека во автобусот имало резерви со нафта или други горива

Агенцијата „Беса транс“ чиј автобус изгоре, а во него загинаа 45 македонски државјани, негира дека се превезувале резерви со нафта или други горива, а немало ниту пиротехнички материјали. Ова е трето нивно обраќање по трагедијата, а втора преку која се бара од медиумите и јавноста да не се изнесуваат шпекулации. Оттаму велат дека само истрагата може да ги даде точните информации за несреќата.

„Како агенција ја известуваме јавноста, како и семејствата на трагично загинатите дека автобусите во никој случај немале никаков багаж со нафта или пиротехника. Ова се шпекулации од страна на оние кои сакаат да ја искористат оваа трагедија. Целосниот капацитет на автобусот бил 450 до 500 литри нафта, само за користење за потребите на автобусот. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации со кои уште повеќе ги повредуваат семејствата“, велат од „Беса транс“.

Реакцијата на компанијата доаѓа откако дел од бугарските медиуми објавија, а македонските пренесоа, дека во автобусот имало резервно гориво, поради кое возилото изгорело брзо. Бугарските експерти, меѓу кои Симеон Ананиев, претседател на Здружението на вешти лица за БТВ, кажа дека се стравува дека во автобусот можеби имало и пиротехнички средства кои се запалиле. Ова од одредени портали беше пренесено како фактичка состојба, иако нема потврда од Обвинителството, ниту истрагата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда

ДУИ: Осуда за решението на Централниот регистар за прием на осуммина нови вработени без Албанец меѓу нив

Левица: Кочанската болница работи над лимитите – што прави кризниот штаб?!