Утрински Весник
Македонија

Беса: Маричиќ и Нухиу овозможуваат амнестија на криминалци

Беса: Маричиќ и Нухиу овозможуваат амнестија на криминалци

Последниве денови во Северна Македонија правосудниот систем е сериозно на удар со обидот за амнестија на лица што имаат проблеми со законот, како што е неодамнешниот случај на сторителот на нечовечкото дело – убиецот на 4-годишниот Алмир. Неодамнешните постапки на министерот за правда и заменик-министерот од ДУИ овозможуваат амнестија на криминалците и престапниците во оваа земја.

Движењето Беса го потврдува ставот дека без реформирани судови и без промена на стариот менталитет наследен од комунистичкиот систем, Северна Македонија секогаш ќе паѓа на испитот за приближување до вредностите на западната правда, каде што правдата не признава етничка или верска припадност.

Затоа, ги повикуваме сите надлежни институции, во случајот претседателот на државата, Стево Пендаровски, сериозно да ги сфатат чувствителните случаи и да размислат и да не го потпишат нивното помилување.

Движењето Беса бара предвремени парламентарни избори за да ѝ се зададе удар на старата политичка каста, која ги враќа мрачните работи што со години ја поткопуваа и нарушуваа демократијата. Ако продолжи оваа Влада, тогаш народот ќе ги искористи сите демократски средства за да го урне режимот СДСМ-ДУИ и другите помали албански партии што ги скршнуваат двете најголеми владини партии.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено