Утрински Весник
Спорт

Бертомеу: Ако сезоната во Евролигата продолжи, таа мора да заврши пред крајот на јуни

Бертомеу: Ако сезоната во Евролигата продолжи, таа мора да заврши пред крајот на јуни

Барселона, 16 април 2020 (МИА) – Претседателот на кошаркарската Евролигата, Жорди Бертомеу, кажа кој е крајниот рок за завршување на сезоната 2019/20, која во моментов е суспендирана поради пандемијата на коронавирус.

– Во случај на продолжување на сезоната, ние мора да ја завршиме пред крајот на јуни. Едноставно нема да можеме да одржиме натпревари од тековната сезона во септември-октомври, ова само ќе создаде непотребни проблеми во иднина. Секако на прво место е здравјето на луѓето. Не сакаме да ризикуваме, изјави Бертомеу.

Досега се одиграни 28 од предвиднеите 34 кола во основниот дел во Лигата по што треба да следува четвртфинале, па фајнал-фор. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл