Утрински Весник
Спорт

Берлускони: Монца ќе биде „супер тим“, го прашав Балотели да се врати

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони вели дека сака од Монца да изграи „супер тим“ и потврди дека го прашал Марио Балотели да се врати во клубот, кој првпат во историјата влезе во Серија А.

Со драматичната победа над Пиза во баражот, Монца, која е во сопственост на ексгаздата на Милан од 2018, обезбеди влез во елитата.

„Можеме да направиме супер тим од Монца. Би сакал клубот да расте во Серија А и да покаже постојаност. Очекував голема прослава, но и јас бев воодушевен од реакцијата на навивачите. Беше убаво да се прослави, од утре ќе мислиме на иднината. Го прашав Марио Балотели да се врати во тимот. Пријатели сме долго време“, вели поранешниот сопственик на Милан.

Покрај Монца, нови членови на Серија А се и Лече и Кремонезе, додека во втора лига се преселија Каљари, Џенова и Венеција.

> Берлускони: Монца ќе биде „супер тим“, го прашав Балотели да се врати <

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место