Утрински Весник
Економија

Берзата го продолжи бесплатното користење на „eTrader“ за инвеститорите

Мал пад на акциите на европските берзи пред потпишувањето на договорот меѓу САД и Кина

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Одборот на директори одлучи продуктот на Македонската берза за електронско тргување преку интернет „eTrader“ – што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и им овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30 септември оваа година.

Како што информираат денеска од Македонската берза, надоместокот за користење на овој продукт нема да се наплатува до крајот на септември оваа година.

-И во оваа прилика, апелираме до сите инвеститори во хартии од вредност што помасовно да ги користат електронските налози за тргување со хартии од вредност, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader во настанатите околности, предизвикани од вирусот КОВИД-19, соопшти Македонската берза.

За подетални информации околу користење на eTrader, како што се наведува во соопштение, инвеститорите треба да се обратат кај својот брокер.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Форум на добри компании, фокусот на решенијата поврзани со работната култура