Утрински Весник
Спорт

Бергер: Сена беше подобар од Шумахер и Хамилтон

Бергер: Сена беше подобар од Шумахер и Хамилтон

Победата на Луис Хамилтон во Нинбургринг, со која се израмни на вечната листа со Михаел Шумахер, покрена расправа во светот на Формула 1 околу тоа кој од нив двајца е подобар возач.

Последен кој се огласил на оваа тема е 61 годишниот Герхард Бергер. Австриецот имаше можност да биде тимски колега, во Мекларен Хонда со Аиртон Сена.

„Сена беше и остана најдобриот возач. Од блиску сум ги гледал тројцата и можам да кажам дека никој не вози како Сена. Луис е фантастичен, апсолутно ги заслужува сите комплименти. Би сакал Михаел да останеше статистички најдобар, поради несреќата која му се случи, но мислам дека не можеме да кажеме кој од нов двајца е подобар. Сена беше најдобриот“, рекол Бергер и дополнил.

„Аиртон сигурно ќе освоеше уште неколку титули, за жал прерано не напушти. Никој не го возеше како него.

Аиртон Сена освоил три титули (1998, 1990 и 1991), во кариерата победил на 41 трка. Бразилецот смртно настрада на 1 мај 1994 година, во Имола. Имаше 34 години.

> Бергер: Сена беше подобар од Шумахер и Хамилтон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026