Утрински Весник
Македонија

Бербок: Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста што ја нуди францускиот предлог

Според шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог.

„Искористувањето на оваа можност е од огромен стратешки интерес за ЕУ и за Северна Македонија. Сега е време да тргнеме напред“, пишува Бербок на Твитер.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ.

„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.

Владата во Скопје соопшти дека „пристигнал предлог со идеи“ од француското претседателство со ЕУ.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година