Фудбалскиот клуб Челси наскоро треба да го реализира трансферот на англискиот репрезентативец Бен Чилвел. Според „Атлетик“, Челси на Лестер ќе им платата нешто повеќе од 50 милиони евра.
Чилвел (23) е играч на Лестер од 2015 година, за „лисиците“ одиграл 99 натпревари. Интерес за овој фудбалер покажале и од Манчестер сити.
Тренерот на Челси на позицијата на која што игра Чилвел веќе ги има Емерсон Палмиери и Маркос Алонсо, меѓутоа двајцата не империсонираа минатата сезона. За очекување е еден од нив да го напушти клубот.
Челси во преодниот рок веќе се засили со Хаким Зијеш и Тимо Вернер, а се очекува клубот да го реализира и трансферот на Каи Хаверц.
> Бен Чилвел на чекор со „Стенфорд Бриџ“ <