Утрински Весник
Магазин

Бен Афлек и Џенифер Лопез дадоа над 50 милиони долари за семејна куќа

Бен Афлек и Џенифер Лопез дадоа над 50 милиони долари за семејна куќа

Бен Афлек и Џенифер Лопез потрошиле над 50 милиони долари на имот со 10 спални.

Двојката, која ја обнови својата романса минатата година, наводно, потпишала договор за купување на станбен простор од 1.850 квадратни метри во населбата Бел Ер во Лос Анџелес. Имотот има доволно простор за трите деца на 49-годишниот актер и за близнаците на поп-ѕвездата бидејќи двојката сака сите да живеат таму заедно.

Имотот – кој беше огласен за продажба од страна на милијардерот Тод Лемкин за 65 милиони долари – има 10 спални, 17 бањи, повеќе кујни, домашно кино, теретана и базен, и може да се пофали со прекрасен поглед на градот на многу приватна локација опкружена со дрвја.

Според „ТМЗ“, Бен – кој ги има Вајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10) со поранешната сопруга Џенифер Гарнер – и Џенифер се согласиле на договор со „средна вредност од 50 милиони долари“, но сè уште има непредвидени услови што мора да се исполнат пред да се финализира продажбата.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста