Утрински Весник
Спорт

Бенитез, Покетино, Алегри и Фавр во список на новите сопственици на Њукасл

Покетино задоволен од високата победа над Црвена ѕвезда

Лондон, 21 април 2020 (МИА) – Новите сопственици на премиерлигашот Њукасл планираат да најдат нов тренер на тимот.

Актуелниот тренер Стив Брус ќе има можност да го докаже своето ниво, но новите сопственици очекуваат следната сезона да привлечат стручњак за повисоко ниво.

Тие работат на четири кандидати: Маурисио Покетино, Масимилијано Алегри, Рафаел Бенитез и Лусиен Фавр.

Новото раководство на клубот смета дека тие можат да направат понуда и да достават проект за привлекување на потенцијалниот кандидат за тренерската функција, како што направи Евертон со Карло Анчелоти. Главната цел е Покетино. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1