Утрински Весник
Економија

Бензините поевтини до денар ипол, дизелот поскап за половина денар

Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили
Dik 300x250 mk

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Цените на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар ипол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден денар и ќе се продава по цена од 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 бележи намалување за 1,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 50,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 46 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 35 ден/литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг во однос на минатонеделната цена така што тој сега ќе се продава по цена од 18,891 ден/кг.

Со најноваа одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 проценти во однос на цените утврдени минатата недела. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 14,70 проценти,
а кај дизелот зголемување во просек за околу 0,93 проценти.

Регулаторната комисија за енергетика секој понеделник објавува нови цени на нафтените деривати. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14