Утрински Весник
Спорт

Бензема за неговиот настап на ЕП: 100 проценти сум подготвен!

Бензема за неговиот настап на ЕП: 100 проценти сум подготвен!

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Франција, Карим Бензема кој по долга пауза повторно е во националниот тим се повреди на последниот подготвителен меч против Бугарија. Бензема предвреме го напушти теренот, па стравувањата на „галските петли“ беа дали тој ќе може да му биде на располагање на тренерот Дидие Дешам на ова првенство.

„Вчера добив можност да го продолжам тренингот со групата. Немам болки. Не размислував за фактот дека можам да останам без настап на ЕП. Тоа беше голема болка, ама беше само удар. Имаме многу добар медицински персонал, така што сè беше направено многу брзо. Се чувствувам добро, работев во вежбална и 100 проценти сум подготвен“ изјави голгетерот кој имаше одлична сезона во Реал Мадрид.

Франција се натпреварува во групата Ф заедно со Германија, Португалија и Унгарија. Првиот меч на „триколорите“ е во вторник против „Панцирите“.

> Бензема за неговиот настап на ЕП: 100 проценти сум подготвен! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина