Утрински Весник
Спорт

Бензема го урна рекордот на Тиери Анри

Бензема го урна рекордот на Тиери Анри

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, влезе во историјата на францускиот фудбал. Бензема постигна два гола против Мајорка, во победата на Реал од 3:0 со што стана Француз со најмногу постигнати голови во историјата на фудбалот.

Бензема во последните шест дена, постигна пет гола за Реал. Напаѓачот забележа хет-трик против ПСЖ, во Лигата на шампионите и два против Мајорка во Ла Лига.

На вечната листа, Бензема, го престигна Тиери Анри. Поранешниот ас на Арсенал, кариерата ја заврши со 411 голови, Бензема дојде до бројката од 413.

> Бензема го урна рекордот на Тиери Анри <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен