Утрински Весник
Спорт

Бендтнер: Дојдов во Јуве и во тоалетот десетина фудбалери пушеа и пиеја кафе

Бендтнер: Дојдов во Јуве и во тоалетот десетина фудбалери пушеа и пиеја кафе

Данската фудбалска „легенда“, Никлас Бендтнер открива дека првиот ден како фудбалер на Јувентус бил шокиран кога начекал десетина фудбалери на „бјанконерите“ како во тоалетите пушат и пијат кафе.

Бендтнер, кому фудбалските фанови му го дадоа прекарот Лорд Бендтнер поради неговите екстравагантни потези и неефикасноста на фудбалскиот терен, помина во Торино една сезона во 2012/13.

„Бев во тоалетот и не можев да ги најдам момците бидејќи ми беше прв ден. Потоа ги најдов во тоалетот, десет или дванаесет од нив со кафе, разговор и по некоја цигара. Веднаш знаев дека тука ќе уживам“, вели Бендтнер.

Фудбалерите како Џиџи Буфон и Андреа Пирло никогаш не криеја дека ги сакаат цигарите, но инсистираа дека тоа не влијае на нивните перформанси. Марио Балотели, пак, додека играше во Англија беше критикуван поради цигарите.

„Што да им кажам на тие момци? Видете ги нивните кариери и нивната професионалност. Поради тоа што го покажуваа на теренот, не можевте да им замерите. Смешно беше кога Марио го критикуваа за пушењето во тоалетот и тоа беше приказна во сите весници. Во сите клубови каде што сум играл фудбалерите пушеле. Повеќе во Италија отколку во Англија“, вели Бендтнер.

> Бендтнер: Дојдов во Јуве и во тоалетот десетина фудбалери пушеа и пиеја кафе <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига