Утрински Весник
Спорт

Белјерин се тетовираше на теренот на „Бенито Вилјамарин“

Ектор Белјерин уште еднаш ја покажа љубовта кон Реал Бетис, откако се тетовираше на теренот на „Естадио Бенито Вилјамарин“ по емотивната сезона на позајмица од Арсенал.

Шпанскиот дефанзивец сака да остане во Севилја, откако со клубот за кој навива целото негово семејство ја освои титулата од Копа дел реј.

„Талегос тетоважи ми кажаа дека ќе ме тетовираат на моето омилено место“, напиша Белјерин на Инстаграм со . во кој 27-годишниот фубалер додаде порака: „Во оваа игра,тие кои се забавуваат победуват“.

И покрај љубовта кон клубот, Белјерин ќе се врати во Арсенал следната сезона, откако шпанскиот клуб потврди дека немаат доволно средства неговиот трансфер да го направат постојан.

View this post on Instagram

A post shared by TAL€GO$.TATTOO (@talegos.tattoo)

Белјерин ќе го напушти клубот што најмногу го сака и ќе се врати во Арсенал

> Белјерин се тетовираше на теренот на „Бенито Вилјамарин“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина