Утрински Весник
Свет

Белорусија ќе покрене обвинение против девојката на уапсениот новинар Протасевич

Заканата со бомба била испратена откако белоруските власти го принудиле авионот да слета

Денеска ќе биде објавено обвинение против руската државјанка Софија Сапега, која беше уапсена заедно со Роман Протасевич, белорускиот новинар од опозицијата, по присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, потврди нејзиниот адвокат во интервју за руските агенции.

Попладнево, главниот истражен комитет на Белорусија ќе поднесе обвинение против Сапега, потврди нејзиниот адвокат и најави дека втората жалба против одлуката на властите за нејзиниот притвор ќе биде разгледана денес.

Неодмна во едно видео беше прикажано дека Сапега работела како уредник на „Црна книга“ на белорускиот канал на Телеграм, кој во април официјално беше прогласен за екстремистички медиум.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп