Утрински Весник
Свет

Белорусија: Само ротираме сили на границата, нема да ја нападнеме Украина

Белорусија: Само ротираме сили на границата, нема да ја нападнеме Украина

Белорусија нема планови да се приклучи на руската инвазија на Украина, но испраќа пет баталјонски тактички групи (БТГ) на својата граница на ротирачка основа за да ги заменат силите што веќе се стационирани таму, изјави во саботата началникот на Генералштабот на белоруската армија.

Висок украински безбедносен функционер во петокот ја предупреди Белорусија да не испраќа војници во Украина, велејќи дека Украина покажува воздржаност кон Белорусија и покрај тоа што земјата се користи како лансирна рампа за руските авиони.

„Сакам да нагласам дека трансферот на војници во никој случај не е поврзан со никакви подготовки, а особено не со учество на белоруски војници во специјална воена операција на територијата на Украина“, рече Гулевич.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега