Утрински Весник
Свет

Белорусија го прекинува учеството во Источното партнерство на ЕУ

Белорусија го прекинува учеството во Источното партнерство на ЕУ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белорусија објави дека го прекинува учеството во Источното партнерство на Европската унија, во знак на протест против санкциите против таа земја.

„Не можеме да ги исполниме нашите обврски од овој договор во контекст на санкциите и ограничувањата наметнати од ЕУ“, соопшти министерството за надворешни работи.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја осуди одлуката на Белорусија.

„Белорусија денес направи уште еден чекор назад затоа што го прекинува учеството во Источното партнерство на ЕУ. Таа одлука ќе доведе до понатамошно зајакнување на тензиите и ќе има очигледно негативно влијание врз белорускиот народ“, напиша Мишел на Твитер.

Источното партнерство на ЕУ има за цел да ги приближи Унијата и поранешните советски републики.

ЕУ ги засили мерките против белоруските власти поради репресијата врз учесниците во протестите што почнаа во август 2020 година, по претседателските избори на кои беше реизбран претседателот Александар Лукашенко.

Можете да прочитате

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште