Утрински Весник
Свет

Белорусија ги затвора границите поради страв од ширење на коронавирусот

Белорусија ги затвора границите поради страв од ширење на коронавирусот

Белорусија ќе ги затвори граничните премини за своите граѓани во јануари со цел да се бори против коронавирусот, соопшти владата, а опозициските медиуми го изедначија тоа со советската железна завеса.

Белорусија ја тресат протести уште од претседателските избори на 9 август, на кои победи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Неговите ривали тврдат дека биле наместени и бараат од него да се повлече.

Новите мерки во врска со забраната за движење на Белорусија, со исклучок на патувањето за на работа или училиште, ќе стапат на сила за десет дена. Не е прецизирано кога границите повторно ќе се отворат.

„Новата железна завеса е нацртана“, објави „Некста лајв“, еден од главните извори на вести за протестите во земјата.

Франак Вијакорка, советник на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја, ја објави веста на „Твитер“, коментирајќи ја официјалната причина на Владата за одлуката.

„А вистинската причина е што премногу луѓе сакаат да избегаат од угнетувачкиот режим“, одговори еден твитерџија.

Белорусија се соочува со одлив на мозоци бидејќи соседните земји како Украина и балтичките земји ги охрабруваат луѓето и компаниите да се преселат олеснувајќи им го издавањето визи и давајќи им даночни олеснувања.

Возачите на камиони и дипломатите ќе бидат ослободени од новите мерки. На странските посетители ќе им биде дозволен влез во земјата, но ќе мора да бидат во карантин десет дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари