Утрински Весник
Свет

Белорусија воведe контрасанкции за ЕУ

Откриен тајниот план на Лукашенко

Белоруското Министерство за надворешни работи состави список на лица на кои им е забранет влез во земјата, како одговор на санкциите воведени од Европската Унија.

Во соопштението од министерството се вели дека списокот нема да биде јавно објавен, пренесува „Хина“.

На состанокот во Брисел, лидерите на ЕУ 27 се согласија да воведат санкции за одговорните за насилството по претседателските избори во Белорусија.

Лидерите побараа овие ограничувачки мерки да стапат на сила „што е можно побрзо“, но исто така потврдија дека засега претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нема да биде на списокот на санкционирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот Теснец

Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

Руски борбен авион Су-30 се урна над Крим