Утрински Весник
Спорт

Белорусинката Азаренка „непожелна“ на добротворниот турнир за Украина

Двократната гренд слем шампионка, Белорусинката Викторија Азаренка нема да биде дел од „Тенискиот меч за мир“, добротворниот турнир на кој ќе се собираат средства за Украина поради „чувствителноста“ на украинските тенисерки, потврди Американската тениска асоцијација (УСТА).

dobivaj vesti na viber

Добротворниот турнир треба да се оддржи денеска, на Денот на независноста на Украина на стадионот „Луј Армстронг“ во Њујорк (каде што се игра и СД опен), и ќе играат Ига Швјонтек, Рафаел Надал и Џон Мекинро. Меѓутоа, украинските тенисерки не беа задоволни што и Азаренка е пријавена на мечот, а посебно реагираше Марта Костјук.

„Во последните 24 часа, по внимателно разгледување и дијалог со повеќе тенисери и тенисерки, Викторија Азаренка нема да учествува на егзибицискиот меч. Вика е силна тенисерка и лидер и ја цениме нејзината желба да учествува, но поради чувствителноста на украинските тенисерки и постоекиот конфликт, сметаме дека ова е вистинска одлука“, велат од американската федерација.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина