Утрински Весник
Спорт

Белерин сака да стане капитен на Арсенал

Белерин сака да стане капитен на Арсенал

Лондон, 20 март 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Арсенал, Хектор Белерин, потврди дека има амбиција да стане капитен на „топџиите“. 25-годишниот дефанзивец го носи дресот на Арсенал уште од 2011 година, кога беше привлечен во Барселона.

Во текот на летото, лондонскиот клуб може да се раздели со Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа на менаџерот Микел Артета ќе му се наметне да избере нов капитен.

– Уште од кога бев дете во Барселона, секогаш сум бил еден од трите капитени во тимот. Ова е улога на која сум навикнат. Секако, во Арсенал не е така, бидејќи тука одговорноста е различна и вие сте сосема поинаков тим, но јас секогаш уживав во оваа улога. Ми се допаѓа да ја преземам одговорност и да бидам капитен, изјави Белерин за „Дејли мејл“.

Тој додаде дека ја зборувал на темата со Микел Артета и тој му рекол дека е еден од играчите накој е подготвен да му ја довери лентата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот