Утрински Весник
Свет

Белграѓанец дивеел со „бе-ем-ве“ во Будва, меѓу прегазените пешаци и двајца охриѓани

Белграѓанец дивеел со „бе-ем-ве“ во Будва, меѓу прегазените пешаци и двајца охриѓани

Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче со автомобил прегазило шестмина пешаци, пренесува весникот „Вијести“.

Повредени се Љ.П. (70) и Н.Ц. (50) двајцата од Охрид, како и четворица српски државјани А.Ц. (19), Н.Л. (18), С.Б. (18) и Н.М. (19).

Полицијата во Будва распиша потерница за Л.Б. (20) од Белград, кој дивеел по градските улици во еден час по полноќ и со автомобил покосил шестмина пешаци.

Полициски патроли по инцидентот ги блокирале излезите од градот, откако автомобилот марка „бе-ем-ве“ бил пронајден на патот кон ридот Топлиќ, кога белграѓанецот го оставил бегајќи од полициската потера.

Од „Вијести“ дознале младиот човек околу 1.15 часот предизвикал сообраќајна несреќа на главниот градски булевар, при што повредил шест пешаци кои случајно се нашле на тротоарот додека се враќале од центарот.

Откако ги удрил со автомобилот, 20-годишникот продолжил да вози и не застанал да види што се случило со повредените. Наскоро, полицијата пристигнала на самото место, а патролите ја започнале потрагата која и натаму е во тек.

За настанот биле известени и сите гранични премини.

Можете да прочитате

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?

Финска ќе проверува дали американското оружје платено од НАТО стигнува до Украина

Иранскиот претседател се закани со „разорен одговор“