Утрински Весник
Свет

Белгија пред воведување на најстроги мерки против коронавирусот

Белгија пред воведување на најстроги мерки против коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белгија би можела да се врати во најстрогиот модел на карантин доколку нема намалување на случаите на коронавирус, изјави Ив ван Летем.

„Можеби ќе треба да разгледаме дури и повеќе ограничувачки мерки од сегашните, кои би биле како оние од март и април“, изјави еден од главните вирусолози за весникот „Последниот час“.

Ван Летем, кој се обраќа скоро секој ден на конференции по повод Ковид-19, рече дека само вакцина или ефикасен лек може да ја запре пандемијата, објави „Ројтерс“.

Министерот за здравство Франк Вандербрук во неделата изјави дека Брисел и јужниот дел на Валонија се наоѓаат на работ на цунами, со ситуацијата далеку полоша од кое било друго место во Европа.

Тој објасни дека цунами би значело дека надлежните институции изгубиле контрола над ситуацијата.

Белгија има 11 милиони жители, а во понеделникот имаше 7.876 новоинфицирани со коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“