Утрински Весник
Свет

Бела куќа: Бајден се уште нема донесено одлука за забрана за увоз на руска нафта

Бела куќа: Бајден се уште нема донесено одлука за забрана за увоз на руска нафта

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, се уште нема донесено конечна одлука за забраната за увоз на руска нафта, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека разговорите за ова прашање се во тек во администрацијата на Бајден, како и разговори со меѓународните партнери.

Претходно рускиот вицепремиер изјави вчера дека ембаргото на руската нафта ќе предизвика катастрофа на пазарите, а цената на нафтата за барел може да надмине 300 долари.

Можете да прочитате

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада

Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши

Руски борбен авион влезе во воздушниот простор на НАТО