Утрински Весник
Свет

Белата куќа ја обвини Русија за сајбер-напади врз Украина

Белата куќа ја обвини Русија за сајбер-напади врз Украина

Белата куќа ја обвини Русија за овонеделните сајбер напади насочени кон Министерството за одбрана на Украина и големите банки и предупреди на можноста за значителни нарушувања во наредните денови.

Заменик-советникот на Бајден за национална безбедност за сајбер и нови технологии, Ен Нојбергер, рече дека САД брзо ги поврзале нападите со структурите на руската воена разузнавачка служба, пренесе АП.

Обединетото Кралство им се придружи на САД во обвинувањата против руската воена разузнавачка служба ГРУ за „дистрибуирани напади“ и одбивање на услуги, кои се случија паралелно со ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Украина.

Нападите, кои ги „урнаа“ владините веб-страници и веб-страниците на неколку големи банки во поголемиот дел од денот, имаа „ограничено влијание“ бидејќи украинските власти можеа брзо да ги надградат своите системи и да ги вратат во функција, рече Нојбергер.

Во меѓувреме, руската амбасада во Вашингтон ги отфрли тврдењата на заменик-советникот за национална безбедност на САД за сајбер и нови технологии, Ен Нојбергер, во врска со наводното учество на Москва во сајбер напади во Украина, пренесува ТАС.

Според соопштението на амбасадата, објавено на страницата на Фејсбук, тврдењата на Ен Нојбергер се „очигледно антируски“.

„Ние категорично ги отфрламе неоснованите тврдења на американската администрација и тврдиме дека Русија нема никаква врска со споменатите настани и никогаш не извршила малигни операции во сајбер просторот“, се вели во соопштението на руската амбасада во Вашингтон.

Можете да прочитате

Зеленски: Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика