Утрински Весник
Свет

Белата куќа: Харис сепак ги исполнува условите да биде потпретседателка на САД

Белата куќа: Харис сепак ги исполнува условите да биде потпретседателка на САД

Белата куќа се согласи дека демократската сенаторка од Калифорнија Камала Харис ги исполнува условите да биде потпретседателка на САД, со што е ставен крај на сомневањата дека таа не би можела да ја врши таа функција доколку биде избрана на ноемвриските избори.

Според одредбата на американскиот Устав, Камала Харис е родена Американка.

„ Според моето мислење, случајот е затворен“ рекол Џејсон Милер, еден од советниците во предизборниот тим на претседателот Доналд Трамп, во изјава за Еј-би-си.

Истовремено, шефот на кабинетот на претседателот на САД, Марк Медоуз, изјавил дека сенаторката Харис ги исполнува условите да ја врши функцијата потпретседателка доколку Џо Бајден биде избран за претседател.

Медоуз за Си-ен-ен рекол дека е загрижен поради ставовите на левиот центар кој што го застапува Харис, а на кои Трамп и републиканците се противат.

Камала Харис е дете на родители имигранти, родена во САД, во градот Оукленд во Калифорнија. Нејзината мајка се доселила од Индија поради студии, додека нејзиниот татко е со потекло од Јамајка.

Таа е првата Афроамериканка – кандидатка за потпретседател на САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25