Американскиот претседател Џо Бајден е на добар пат да ја постигне поставената цел, според која во првите 100 дена од неговиот претседателски мандат, на граѓаните ќе им се дадат 100 милиони дози вакцина против коронавирус, бидејќи околу 1,5 милиони луѓе се вакцинираат дневно, рече координаторот за Ковид-19 на Белата куќа, Џефри Зајентс.
„Постигнавме мал напредок во изминатите неколку недели – добивме повеќе вакцини, поставивме повеќе луѓе на терен и отворивме повеќе пунктови. На добар пат сме да ја исполниме целта на претседателот за 100 милиони дози во првите 100 денови“, рече Зајентс.
Тој истакна дека новата администрација сега успева да вакцинира 1,5 милиони луѓе на ден, во споредба со 1,1 милиони, што беше просек пред две недели.