Утрински Весник
Македонија

Бектеши: Oпозицијата да не го блокира заемот од Светска банка кој е во интерес на граѓаните

Бектеши смета дека кафулињата ќе работат до 23 часот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара од пратениците што поскоро да го усвојат Законот за задолжување во Светска банка и ја повика опозицијата да не ги кочи законите кои, како што кажа, значат поддршка за компаниите и за граѓаните.

„Сакам да ги повикам сите пратеници да го усвојат заемот од Светска банка кој што е пратен до Собранието каде што ќе овозможи да се имплементираат проекти од страна на здравствените установи кои се многу важни од страна на општините, но истовремено таму е предвидена и техничка помош за одредени институции во државата. Законот е блокиран од страна на опозицијата, поточно од ВМРО-ДПМНЕ неколку месеци“, кажа министерот во однос на Законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност.

Министерот побара и побрзо да се донесат законите за реализација на мерките од петтиот сет.

„Што се однесува до законите кои произлегуваат од петтиот сет мерки јас сум убеден дека ќе бидат поддржани од страна на сите пратеници бидејќи тие се насочени и кон компаниите и кон зачувување на работните места во приватниот сектор и има мерки кои директно влијаат врз загрозените граѓани во нашата држава“, посочи Бектеши.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен