Утрински Весник
Економија

Бектеши ќе учествува на економскиот форум „Делфи“ во Грција

Бектеши ќе учествува на економскиот форум „Делфи“ во Грција

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска ќе учествува на економскиот форум „Делфи“ во Грција, каде што ќе говори на панелот со наслов „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“.

Бектеши во рамките на форумот ќе присуствува на работна вечера со наслов „Војната во Украина: Последиците на Балканот“, на која говорници ќе бидат американскиот заменик на помошник-државниот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт департментот, Габриел Ескобар, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Седмиот економски форум „Делфи“, кој се организира со наслов „Нови реалности“, ќе биде домаќин на истакнати личности од областа на политиката вклучувајќи европски претседатели, премиери, еврокомесари и министри, како и научници, универзитетски професори, претприемачи.

На форумот ќе учествуваат 760 говорници од 36 земји, а ќе бидат опфатени низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството, културата итн.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло