Утрински Весник
Економија

Бектеши: Трговијата е значајна за зголемување на соработката во регионот

Бектеши: Трговијата е значајна за зголемување на соработката во регионот

Република Северна Македонија дефинираше среднорочна политика за поголема отпорност на економијата која се темели на повеќе платформи во периодот од 2021 до 2025 година. Политиките опфаќаат: Паметен раст за закрепнување и одлржлив развој на економијата , фискална консолидација, економски инвестициски план, зелена агенда и ревизија на постојните договори за слободна трговија. Повеќето платформи се базирани на регионот како стратешки документи за влијание врз економскиот развој и соработката во регионот.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на состанокот на министерите за трговија на земјите од Југоисточна Европа кои денеска дебатираа за “Предизвиците и можностите за трговија во периодот по пандемијата од Ковид-19 во Југоисточна Европа“, со кој оваа година претседава Република Турција.

„Економско-инвестицискиот план е клучен документ за Западен Балкан, развивајќи нови иницијативи и проекти за создавање на посилни врски и мрежи во инфраструктурата, дигитализација и поврзување на енергијата и транспортот, како нов стимул за економски раст. Заедничката позиција на овој план е подобра поврзаност на економиите во регионот во фундаментални реформи за развој на заеднички регионален пазар заснован врз законодавството на ЕУ, со цел регионот да стане поатрактивна област за инвестиции“ рече Бектеши.

Тој информираше дека Сверна Македонија како можност за олеснување на трговијата во регионот воспостави заедничка гранична контрола – едношалтерски систем со Србија и интегрирано управување со границите на Табановце – Прешево за стоки и патници, а најави дека ваков начин за заеднички контроли наскоро ќе биде воведен со Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, каде неодамна беше изграден комплетно нов терминал.

“Во пракса, веќе започнавме со активности за проширување на зелените коридори кон Бугарија и Грција. Овој концепт ги прави коридорите поефикасни за извоз, увоз и транзит на стоки, како зелени ленти што овозможуваат побрз транзит на одреден трансфер на потребната стока“ потенцираше министерот.

Тој кажа дека Република Северна Македонија неодамна започна со процес на ревидирање на договорите за слободна трговија со дел од трговските партнери на земјата, дозволувајќи повисок повластен третман и либерализација на трговијата.

Бектеши потсети дека пандемијата од Ковид-19 ја предизвика најголемата здравствена и економска криза во светот со што беше нарушен нормалниот проток на трговијата, влијаеше на извозниот сектор на земјата и ја намали економската активност.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена