Утрински Весник
Македонија

Бектеши-Тигањ: Има голем простор за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска

Бектеши-Тигањ: Има голем простор за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во Северна Македонија.

Министерот Бектеши и амбасадорката Тигањ разговараа за економската соработка меѓу двете земји, мерките за справување со социо-економската криза предвизикана од коронавирусот како и економските политики на новата Влада за идниот развој на економијата.

Амбасадорката Тигањ упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.

На средбата министерот ја информираше амбасадорката за политиките и мерките кои ги спроведе Владата во справување со последиците од пандемијата, пред се во делот на поддршка на економијата.

Министерот Бектеши се заблагодари за пријателската поддршка од Република Хрватска во демократските и евроатлантските процеси на земјава, и истакна дека и покрај традиционално добрите билатерални односи, меѓу дете земји има голем простор за зголемување на економската соработка.

Според податоците од Државниот завод за статистика по намалувањето на трговската размена меѓу двете земји во 2019 година, според министерот Бектеши радува податокот што и покрај пандемијата, билатералната соработка меѓу двете земји во првите седум месеци годинава бележи раст 18,1%, при што извозот од Северна Македонија кон Хрватска е зголемен за 24,7%, додека увозот е зголемен за 11%.

Овие податоци, како што истакна министерот се поттик двете земји во наредниот период да работат засилено на зголемување на трговијата, но и на поддршка на компаниите за проширување на своите деловни активности во двете земји.

Министерството за економија и во наредниот период ќе остане отворено за секаков вид на соработка со Република Хрватска, кажа министерот Бектеши, а со амбасадорката Тигањ се согласија дека ќе работат на дополнително унапредување на економските односи помеѓу двете земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре